Расте бројот на пациенти на Токсикологија кои во текот на викендот јаделе сендвичи во сендвичарата во Виница.
Во текот на денешниот ден е хоспитализирано уште едно лице со симптоми на дијареа и повраќање. Досега во Виница 215 лица побарале итна медицинска помош поради труење со храна. Затруените лица се вработени во фабрика за производство на мебел, во која оваа сендвичара дистрибуирала храна.
Во наредните денови инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство ќе извршат вонредни инспекциски контроли во сите објекти кои произведуваат и подготвуваат храна.
