Денеска ново рочиште за судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро кое се случи на 12 април 2012 година, во предметот „Монструм“ на СЈО, денеска во Кривичниот суд. Се очекува да бидат изнесени како докази 133 илјади СМС-пораки и други транскрипти, предложени како дополнителни докази од Обвинителството.
Случајот се наоѓа во доказна постапка, процесот го води судијата Огнен Ставрев, а застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.
Во петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година, беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.
За убиството се обвинети Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута. Тие претходно беа осудени на доживотен затвор но со одлука на Врховниот суд во декември 2017 година, беа укинати пресудите и ги ослободи од притвор осудените.