Македонија

Митко Јанчев: Ако ВМРО ДПМНЕ продолжи во оваа насока, остава голем простор да се направи трета опција, која за жал, би била десно ориентирана

  • Народот е огорчен од партиите. СДСМ остави впечаток дека има лидер и премиер во името на Зоран Заев којшто донесе голем чекор и храброст. Меѓутоа очекувањата на граѓаните се многу големи. За да го испорача тоа, не знам дали партијата има капацитет за тоа. Од друга страна имаме десноориентирана партија која покажала и во минатото и сега дека можеме да сработиме и да бидеме единствени. Мислам дека е дојдено време двете партии малку да се доближат до народот и една до друга за да успееме да излеземе како победници од ситуацијата, изјави градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев во интервју за „Телевизија 24“.

Според Јанчев, постои дел од членството на ВМРО-ДПМНЕ што е пасивно и ова е показател дека е потребна нова политичка опција во десницата вели Јанчев, кој е градоначалник на Кавадарци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

  • Разрешен сум од функцијата потпретседател на ВМРО ДПМНЕ, но јас се уште сум член на таа партија и член сум на општински комитет на ВМРО ДПМНЕ на локално ниво. Според последните истражувања, меѓу 35 и 40 отсто од граѓаните не поддржуваат политичка партија затоа што не гледаат перспектива во она што значи десно ориентирана партија или пак лево. Ако ВМРО ДПМНЕ продолжи во оваа насока, остава голем простор да се направи трета опција, која за жал, би била десно ориентирана. Демантирам дека јас учествувам во создавање на нова партија. Но, останувам на ставот дека ако се продолжи со иста реторика и политика, се остава голем простор за трета опција, што не значи дека јас би учествувал во нејзино создавање или не, рече Јанчев.
На почеток