Денеска се одбележува 11 Октомври, Денот на народното востание. На Партизанските гробишта во Бутел во Скопјеќе бидат положени цвежиња, а ќе биде доделена идржавната награда „11 Октоври“ за 2019 година за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес.
Наградата за животно дело во областа на науката ќе му се врачи на академик Љупчо Коцарев, додека во областа на културата и уметноста на актерот Петар Мирчевски и писателот и ликовен уметник Димитри Дурацоски.
Во Куманово активностите стартуваат со положување цвеќе на Спомен-костурницата по што воениот оркестар ќе ја интонира државната химна. Владината делегација во Куманово ќе ја предводи премиерот Зоран Заев, кој ќе има пригодно обраќање. Дел од делегацијата се и вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерите за образование и наука ,Арбер Адеми ми за странски инвестиции Зорица Апостолска, како и пратеници
Празнувањето во Прилеп ќе се одржат пред спомениците на Методија Андонов-Ченто и на Кузман Јосифоски-Питу, како и на Могилата на непобедените. Владината делегација во Прилеп ќе ја предводи министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, заедно со министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Елвин Хасан.
Празничните активности и во Скопје ќе почнат со положување цвеќе, на Партизанските гробишта во Бутел, од владина делегација предводена од вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, а ќе присуствуват и министрите за финансии Нина Ангеловска, за администрација и информатичко општество Дамјан Манчевски и за економија Крешник Бектеши.
