Македонија

Прваче од Велес со полиција избркано од училиште – не било вакцинирано

Полиција и просветни инспектори биле повикани во основното училиште „Блаже Конески“ во Велес откако родители на невакцинирано првче одбиле да си го земат детето дома, дознава „А1он“. Мајката на детето за „А1он“ вели дека од вчера има забранет пристап во училиштето, бидејќи одбивала да престане да го носи детето на училиште, а вчера обезбедувањето ја пријавило во полиција и ѝ забраниле да влегува во објектот.

Од МВР демантираат дека биле преземени некакви активности од страна на полицијата, ниту дека имале некаков контакт со ученици во тоа училиште.

– Во врска со дезинформациите за настан во училиштето во Велес, ја информираме јавноста дека по пријава на директорот на училиштето кој забележал невообичаена фреквенција на возрасни граѓани во околината на училиштето, полициски службеници излегле на лице место бидејќи тоа е нивна должност. Не се преземени никакви акттивности од страна на полицијата, ниту имало каков било контакт со ученици.

На социјалните мрежи жестоко се дебатира за случајот со исфрлено дете од училиште во Велес поради непримена вакцина.

Овој текст беше објавен на групата „Од нас за нас“

ЧАШАТА Е ПРЕЛЕАНА!

Секојдневно добиваме известувања за проблемите на родителите кои се дискримирани на еден или друг начин, поради непочитувањето на нивното со Устав загаранитирано право.
Чашата е прелеана!
Да се исфрли дете од училиште со полиција, заради непримена вакцина?!!!
Дали детето е криминалец?
Дали директорот пред сѐ е педагог?
Кој е тој да му го ускратува правото на школување на детето?
Дали Вие немате деца?
Има ли ова крај?

https://www.facebook.com/odnaszanas/posts/135802084462885

На почеток