Свет

Премиерот на Етиопија, Абиј Ахмед е добитник на Нобеловата награда за мир

Премиерот на Етиопија, Абиј Ахмед е стоиот добитник на Нобеловата награда за мир која денеска му беше доделена поради залагање за постигнување мир со Еритреја.

Во образложение за Норвешкиот Нобелов комитет се наведува дека наградата на Ахмед му е доделна поради неговиот напор да се постигне мир и меѓународна соработка, поседбно поради одлучната иницијатива да се реши пограничниот конфликт со соседната Еритреја, пренесува Ројтерс.

Наградата вредна 900.000 долари на премиерот ќе му биде врачена на 10. декември во Осло.

На почеток