Скопје

СУГС „Браќа Миладиновци“ во Кисела Вода доби модерен пластеник за производство на градинарски и цвеќарски култури

Учениците од земјоделската струка во СУГС „Браќа Миладиновци“, во Кисела Вода, во рамки на проектот за „Промоција на органското производство во средните стручни училишта“ добија современ пластеник, донација од Чешката Република.

Вчера директорката на училиштето, Елизабета Ангелеска и чешкиот амбасадор, Мирослав Томан свечено го пуштија во употреба пластеникот.

На отворањето присуствуваа градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и дел од наставниот кадар. Во пластеникот поставени се системи кои на растенијата ќе им ги обезбедат потребните услови.

Пластеникот е покриен со плексиглас, во него топлината ќе се одржува со парно греење, инсталирани се вентилатори кои ќе ја регулираат температурата и релативната влажност на воздухот. Во истиот инсталиран е современ систем за наводнување „капка по капка“. За целосно искористување на просторот дополнително направени се држачи за цвеќиња.

Учениците во пластеникот практично ќе ги применуваат стекнатите знаења, ќе вршат производство на сезонски цвеќиња и повеќегодишни декоративни растенија.

На почеток