Македонија

Инспекторатот за земјоделство од не регистрираните откупувачи на земјоделски производи одзеде 9 000 килограми пиперки

Деновиве Државниот инспекторат за земјоделство, спроведе инспекциски надзори во прилепскиот регион за контрола кај нерегистрираните откупувачи на земјоделски производи. Оваа активност беше спроведена во рамките на генералната определба на Владата на Република Северна Македонија за сузбивање на сивата економија. Контролата беше спроведена во кординирана соработка со Министерството за внатрешни работи, регионална управа – Битола и полициската станица Прилеп. Во рамките на оваа активност од не регистрираните откупувачи на земјоделски производи, инспекторите од Државниот инспекторат за земјоделство одзеде 9 000 килограми пиперки од сортата ’’ куртовска капија”, при што кај не ристрираните откупувачи покрај одземањето на земјоделските производи, им беа изречени и соодветни глоби согласно законските прописи.

На почеток