СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.С.(22) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 08.05.2019 на локалниот пат с.Копанце – с.Туденце, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, управувано од пријавениот, во кое биле уште три лица, при што пронашле и одзеле марихуана.