Македонија

Познато кој сака да си наплати 1.7 милион евра од Сергеј Самсоненко

Фирмата „Ексико“ која е под истрага на СЈО во случајот „Империја“ е еден од доверителите во стечајот на фирмата „Сис инвест груп“ на рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко. Мистериозната фирма чиј имот и банкарски сметки се замрзнати бара наплата на долг од 1,7 милиони евра.

Во изминатите години „Ексико“ стана сопственик или косопственик на повеќе фирми во Македонија, кои добиваа тендери од државни институции и субвенции. Вистинскиот сопственик и натаму останува таен, бидејќи тоа и го овозможуваат законите во Швајцарија, каде што е регистрирана компанијата Т&МЈ Инвестмент којашто ја поседува „Ексико“.

Заврши рокот за доставување на побарувањата за стечајот на „Сис инвест груп“, фирмата на рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко која е сопственик на земјиште на плоштадот во Скопје, како и хотелот во градба „Мериот Кортјард“ и Офицерскиот дом. Доставени се 14 барања за наплата на побарувања во вкупна вредност од 9 и пол милиони евра.

Прочитајте повеќе на ИРЛ.мк

На почеток