Македонија

Левица: Се стега обрачот околу противуставниот т.н „Закон за двојазичност“

Предметот за оценување на Законот за употребата на јазиците е во завршна фаза и очекуваме во најбрз можен рок истиот да биде ставен на дневен ред на Уставниот суд. Ова е одговорот на Уставниот суд на барањето на политичката партија Левица, која е иницијатор за оценување на уставноста на Законот за двојазичност. Левица очекува во најбрз можен рок Уставниот суд со мериторна одлука ди гопоништи овој закон.

Да потсетиме, овој закон, кој беше дел од Тиранската платформа, а кој доби негативна рецензија и од страна на Веницијанската комисија, беше поминат во Собранието на РМ и објавен во Службен весник без потребниот претседателски потпис.

https://www.facebook.com/PartijaLevica/posts/414006096192571

На почеток