Македонија

Заев ја пушти Ременски низ вода: Да бев на нејзино место ќе се повлечев од Собранието

Премиерот Зоран Заев во интервју за ТВ24 рече дека ако е на местото на пратеничката од неговите редови, Фросина Ременски, би се повлекол од функцијата.

“Да бев на нејзино место, да ќе се повлечев и ќе чекав да докажам невиност, па ќе се вратев на голема врата како херој”, рече Заев.

Инаку, Фросина Ременски е осомничена во случајот “Рекет”, односно во делот за Меѓународниот сојуз на Боки 13 каде е почесен претседател. Судот донесе одлука со кои и одреди мерки за обезбедување присуство.

На почеток