Директорката на Националната установа фестивал „Охридско лето“,Наташа Поповиќ, в недела, на 11 ноември во црквата „Света Софија“ со почеток во 19 часот ќе организира хуманитарен концерт на класична музика со врвните руски уметници пијанистот Александар Синчук и флејтистот Aртем Науменко. Тие ќе изведат дела од Бах, Доплер, Рахмањинов, Алиабиев, Прокофјев, Кларк, како и од други композитори.
Настанот од областа на класичната музика ќе биде бесплатен за посетителите, а на влезот од црквата ќе има кутија за донации, каде што посетителите ќе можат да дадат свој придонес за 15-годишната охриѓанка Сара Настеска на која и’ се неопходни 200 илјади евра за лекување во Германија.
Младиот пијанист Александар Синчук е роден во градот Находка, Приморски Крај во Русија. Како студент на московскиотконзерваториум под менторство на професоротВалериПиасетски, почесен уметник на Рускатафедерација, Александар Синчук стана лауреат на многупрестижнинатпревари по пијано.Меѓудругите има и Прва награда на Четвртиот Меѓународеннатпревар на Рахманинови златенмедал на Деветтиот меѓународеннатпревар за младипијанистиво сеќавање на ВладимирХоровиц.
Во февруари 2009 година, Александар Синчук успешно дебитираво салатаКарнегиХол во Њујорк.Во 2010 година младиотпијанистизведе 37 концерти на големата турнејаниз САД. Во 2014 година, Александар Синчук ја заврши престижната Дипломска програма со почести на музичкаташкола USC Торнтон во ЛосАнџелес, САД, во класата на светскипознатиотпијанистДаниелПолак. Во февруари 2017 година, Александар Синчукучествуваше на церемонијата за затворање на третитеСветскиИгринасловени како ЦИСМ во Сочи.
Неговите настапи денес се одржуваат во најдобритеконцертнисалинизРусија, како што се Големата сала на Московскиотконзерваториум, СалаСветланов во Меѓународниотдом на музиката во Москва, Концертнатасала на Марински театар и во странство: во Србија, Бугарија, Украина, Италија, Шпанија, Австрија, Германија, Франција, Данска, Луксембург, Швајцарија, Израел, САД, Мароко, Порторико, Турција, Кина, ЈужнаКореја …
Од 2014 година Александар Синчук е ангажиран во педагошкатаработа.Во 2015 година почна да работи како асистентпрофесор на Московскиотдржавенконзерваториум.Тојчесто дава мастеркласови во Европа, Америка и Азија.
Флејтистот АртемНауменко е роден во 1992 година во Саратов, Русија. Со музика започнувауште од петгодишнавозраст. На 10 години Артемвлегува во Централнотомузичкоучилиште во Москва, и студира со професоритеЈуриДолжиков и Александар Голишев. Во 2010 година, го завршуваучилиштето со почесенуспех и го продолжува своето образованиена Државниот конзерваториум „Чајковски” во Москва, исто така со професорГолишев каде што дипломира со почести во 2015 година. Две години подоцна, Артеммагистрирал на флејта и продолжува со студиите на Конзерваториумот во Париз во класата за камерна музика на професоротМишелМорагуес.
Тој е лауреат на Интернационалниоттелевизискинатпревар во 2006 година и победник на Меѓународниотнатпревар во Падова, Италија, во категориите на дувачкиинструменти и виртуози во 2007 година. Победник е и на натпреваротМладиталенти на Русија во 2008 година. Науменко ја добинаградатаНационалентриумф и бешепрогласен за младпобедник во областа на литературата и уметноста во 2007 година.Науменко редовнонастапува и во парискиансамбли, како и во дувачкиотквинтет„Апалон“ и триото„Фламиарт“. Настапувал исто така и со Парискиот камерен оркестар, Државниот оркестар на Филхармонијата на Русија, Државниот камерен оркестар„Московскивиртуози“, Лирскиотсимфонискиоркестар на Париз, Претседателскиоторкестар на Русија, Државниот дувачки бенд на Русија, СимфонискиотфилхармонискиоркестарСаратов , Омск, Кострома, Јарослав. Тојнастапил и со Чешката филхармонија (диригентПинхасСтајнберг) во 2010 година, и редовно добива покани да настапи како првафлејта во камерниоторкестар„Московскивиртуози“.