Наместо да ги осуди скандалозните изјави на Иванка Василевска од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за припојување кон други држави, Христијан Мицкоски ги брани таквите антидржавни, антизападни и антимакедонски ставови. Јасна е разликата помеѓу антидржавното и антизападното дејствување на ВМРО-ДПМНЕ и интегративните и развојни полиитки на СДСМ, изјави Стефан Васев од СДСМ.
СДСМ заедно со сите прогресивни партии работи на интеграција во НАТО и ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски работат за враќање во изолација и подлеби, за квази сојузи и анти западни политики. СДСМ останува посветена на евроинтегративниот процес, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски остануваат посветени на обнова на режимот и криминалот.
Со таква понуда Мицкоски ќе доживее нов пораз на изборите на 12 април, граѓаните уште еднаш ќе ги поразат неговите деструктивните политики и ќе потврдат дека државата е на прав пат, изјави Васев.