Адвокатското друштво Апостолски утре ќе поднесе тужба против Владата, со овластено лице Зоран Заев како премиер поради непреземање мерки против загадувањето. Тужбата, како што соопштија од адвокатското друштво, ќе биде поднесена до Основниот граѓански суд Скопје и до Европскиот суд за човекови права и слободи, објави СДСК.МК.
Како што пишува СДК.МК со тужбата, тие од судот бараат да утврди повреда на правото на живот согласно член 10 од Уставот, Член 2 од Европската конвенција за човекови права, правото на здравствена заштита гарантирано со член 39 од Уставот и правото на здрава животна средина по член 43 од Уставот. Се бара од судот да изрече и мерки против Владата, односно функционерите во Владата, како премиерот Зоран Заев, министри, заменици министри, државни секретари, шефови на кабинети на министри, заменици министри и државни секретари, советници, координатори и други.