Македонија

НОВА ТВ: Коњановски градел бунгалови со бетон измешан со дрво, наследникот Бесими не пријавил-пропаднале 315.000 евра

Министерството за одбрана потрошило 315.000 евра за изградба на туристички бунгалови во автокампот Свети Наум во Охрид, а на терен не функционира ниту еден од осумте планирани. Имено, неколкуте карабини кои се изградиле и се оставени да пропаѓаат седма година по ред, се изградени од
неквалитетен материјал и не ги исполнуваат стандардите за таков тип бунгалови. Во врска со ненаменски потрошените пари, за кои постојат сомнежи дека е можно дел да завршиле и на приватни сметки, што уште се проверува, Јавното обвинителство во Охрид пред неколку месеци поднело кривична пријава против петмина, објави Нова ТВ.

Прв на листата е поранешниот министер за одбрана, Зоран Коњановски во чие време започнала целата операција, истовремено со најавата за проектот „АРМ мој вистински дом“ што се претвори во фарса, а наводно требаше да се обезбедат станови за армиските старешини. И ова со кампот во Свети Наум е вистинско промашување и за разлика од скандалот со становите кои никогаш не видоа ни темел, во случајот со бунгаловите постои штета по државната каса и токму затоа обвинителството судски ги гони и екс министерот за одбрана Фатмир Бесими, екс државниот секретар во министерството, Петар Есмеров и уште двајца вработени во секторот за недвижнини.

Сега се очекува старт на судски процес во кој четворица ќе одговараат за бесправна градба, додека Бесими е пријавен за непријавување кривично дело. Детали од кривичната пријава не сака да открие никој затоа што информациите за случајот се класифицирани како доверливи, објави НОВА ТВ.

Изградбата започнала без одобрение за градба 

Како откривме дека има кривична пријава за двајца поранешни министри, еден на ВМРО ДПМНЕ, другиот на ДУИ и тројца нивни соработници? – Голем дел од досието за случајот со бунгаловите се класифицирани и тешко е да се добијат, а забрането е да се изнесуваат детали, но потрагата нè однесе до други документи кои не се класифицирани, а од кои може да се извлече заклучок што се случувало
на терен и како во периодот од 2009 година до 2011 година наместо да се гради според планот, се импровизирало, на крај останале само руини.

Текстот во целост на: НОВА ТВ. 

На почеток