Македонија

(ВИДЕО) Сам и со церебрална парализа, во темница и студена соба, со долг од над 200 илјади денари, како живее Стефан Ивановиќ?

Капата ја става не за да излезе надвор, туку за да легне да спие. Во собата каде е студено и едвај може да се седи неколку минути, а не пак да се преспие. 31 годишниот Стефан Ивановиќ од Чаир со месеци живее во темница бидејќи не може да го плати долгот кој изнесува над 200 илјади денари. Живее сам мајката му починала пред неколку месеци, објави 21 ТВ.

„Боледувам од церебрална парализа. Болеста е проследена со спазми на долниот дел од мускулатурата. Понекогаш и горе се покачуваат, на горниот дел. Болеста е прогресивна. Фаќа замав, се повеќе и повеќе како стареам. Јас се трудам да не ги изоставам терапиите што ми се препишани од доктор. На секои шест месеци ми следува рехабилитација во катлановска бања.“, вели Ивановиќ.

Стефан зема социјална помош од само 6 илјади денари, иако има попреченост и не е физички способен на работи. Нема доволно пари да купи ниту лекови.

Се уште чека од ПИОМ да му ја проценат инвалидноста, објави 21 Тв.

Стрефан Ивановиќ кој боледува од церебрална парализа секојдневно оди во некое кафуле каде му дозволуваат да се згрее и да го наполни мобилниот телефон со батерија. Барал помош и од владата и од институциите, но досега нема одговор.

 

извор:21ТВ.

На почеток