Руските медиуми објавија видео снимка од надзорните камери на која се гледа како угледниот 63 годишен историчар Олег Соколов фрла делови од телото на 24 годишната Анастасија Јешченко во реката во Санкт Петербург, откако ја убил во својата куќа.
Полицијата го фатила историчарот на дело како пијан се обидува да ги скрие деловите од телото ставени во торба во река.
„Ја принза вината“, вели неговиот адовкат, Александар Почујев, наведувајќи дека неговиот клиент жали за тоа што го направил и дека соработува со полицијата.
Како што пренесува Би-би-си, Соколов во реката се обидел да ја скрие торбата со рацете на Анастасија Јешченко, откако полициката во неговиот стан го нашла расчереченото тело на жената.
Професорот Соколов е познат експерт за Наполеон, а добитник е и на наградата на француската Легија на честа.
видео: RT