Претседателот Стево Пендаровски, кој во Париз учествува на Парискиот мировен договор, денеска ќе има средба со шефот на француската држава Емануел Макрон. Пендаровски ќе има можност директно од Макрон да ги слушне ставовите на Франција за проширувањето и за новата методологија на преговарање. Македонскиот претседател претходно изјави дека средбата претставува добра можност да се изложат аргументите на двете страни, односно да се слушнат мотивите на Макрон, истакнувајќи дека Македонија нема никаква резерва спрема најавената нова методологија.
фото: Архива