Македонија

(ВИДЕО) Спасовски се сретна со Финската министерката за внатрешни работи

Денеска во Министерството за внатрешни работи се одржа работна средба помеѓу министрите за внатрешни работи на Република Северна Македонија и на Република Финска, Оливер Спасовски и Мариа Охисало.

На состанок, министерот Спасовски изрази задоволство што Република Северна Македонија е домаќин на Министерски форум ЕУ/Западен Балкан за правда и за внатрешни работи, кој е организиран во рамки на Финското претседателство со Советот на ЕУ. Истовремено, министерот Спасовски ги презентираше активностите кои нашата држава ги превзема во справувањето на борбата против организираниот криминал, тероризам и илегалната миграција.

Од страна на министерката Охисало беа презентирани приоритетите на Финското претседателство со Советот на ЕУ, активностите кои се преземени со цел реализација на наведените приоритети, како и предизвиците со кои се соочуваат.

Истовремено, на наведениот состанок се разгледаа можностите за продлабочување на билатералната соработка меѓу двете пријателски држави.

На почеток