Со видливи повреди, модрици и гребаници на лицето и вратот, вака изгледа 2 годишното детенце кое беше тепано од дадилка. Фотографијата ја објави роднина на детенцето и повика секој што бил сведок на малтретирањето да ги контактира.
Мајката на тројката близначиња за Сител вели дека е благодарна што снимката била јавно објавена. Во телефонски разговор вели детенцето е дома, а неговата состојба по траумите засега е стабилна, објави Сител.
По пријава МВР ја приведе дадилката и таа е задржана во полициска станица се до пробирање на потребната документација.
Од ОЈО информираат дека за случајот постапува јавен обвинител кој во текот на денот ќе донесе одлука.
Дадилката Ж.П е на возраст од 59 години, таа скоро една година била ангажирана за чување на близначињата.
Текстот во целост на: Сител.мк