Скопјаенцот Јетон Љужа, третообвинет за убиството на младиот Никола Саздовски, е уапсен во Хамбург, Германија. Првите двајца обвинети веќе се осудени на по 19 години затвор.
По одлуката на Јавното обвинителство Интерпол од 28 јули 2018 го бара Љужа, а според МВР, меѓународната потерница за Љужа е распишана за убиство извршено на свиреп начин.