Горан Т. (46) од селото Доња Ливадица кај Велика Плана влегол во Средното економско-угостителско училиште „Вук Караџиќ“ и отворил оган од автоматска пушка, но бил запрен од професор Славољуб Стојадиновиќ, дознава „Блиц“. Неофицијално, како што пренесуваат медиумите, мажот на два пати пукал од оружјето, а се наведува дека нема повредени лица.
Првите информации укажуваат дека станува збор за психички заболен маж кој сакал да направи заложничка ситуација во училиштето, но за среќа нема оштетени во намерата.