Магазин

Почина сопругата на познат црногорски фудбалер

Сопругата на црногорски фудбалер Илија Спасојевиќ, блогерката Лели Спасојевиќ почина после кратка и тешка болест во индонезиска болница.  Лети била на интензивна нега, а потоа се проширила веста дека е подобра. Спасојевиќ во вторникот дури била и на тренинг откако претходно семејството ја вратиле од болница.Тажната вест преку социјалните мрежи ја сподели нивниот кум, црногорскиот пејач Дејан Алибабиќ.

Чувствувам неизмерна тага што замина, полна со живот и љубов кон мојот кум и кумашинчињата. Чувствувам бес бидејќи ако постои соврешн и складен пар, тогаш тоа бевте  мојот кум и ти, пар кој дише како едно и живее за насмевката на другиот. Чувствувам грижа бидејќи на моите мали пилиња нема кој да им објасни зошто нивната мајка веќе ја нема. Мајката која немаше дадилки, помошнички. Мајка која бдееше над нив, готвеше за нив, дишеше за нив, напиша Алибабиќ.

https://www.instagram.com/p/B44kim3Hhli/

фот: bolaindo.com

 

На почеток