Македонија

Владата издвои 6 милиони денари за Албанија и испрати тимови за спасување составени од 30 стручни лица

Владата на Република Северна Македонија на својата денешна седница донесе одлука да се издвојат 6 милиони денари како првична финансиска поддршка за санирање на последиците од земјотресот во Република Албанија.
Како дополнување на помошта за Албанија, кон оваа земја веќе се упатени и тимови за спасување составени од 30 стручни лица кои ќе учествуваат во акциите за спасување и прва помош за граѓаните во настраданите подрачја.
Во оваа првична помош е вклучен и посебен тим со механизација која ќе се ангажира во координираните акции за спасување.
фото: Архива
На почеток