Македонија

Сопственикот на „Дурмотурс“ пуштен од затвор, оди во куќен притвор

Првообвинетиот во судењето за трагедијата кај Ласкарци, сопственикот на Дурмотурс, Дурмиш Белули е пуштен на домашен притвор со гаранција. Истата мерка ја добил и четвртообвинетиот Игор Ѓоргиовски, вработен во станицата за технички преглед. Мерката најверојатно е изречена минатата недела.

Судењето продолжува и денеска. На денешното рочиште треба да сведочи вештак од ФЕИТ.

Судскиот процес го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.

За автобуската несреќа во која на 13 февруари загинаа 16 луѓе, обвинети се шест лица. Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во формата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноел Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.

На почеток