Пет лица, меѓу кои две деца се повредени околу 16 часот по локално време во средата во Бронкс.
На снимката направена од надзорните камери може да се види како вооружено лице трча кон еден човек и почнува да пука. Сопственик на локална продавница за американските медиуми изјави дека неколку ранети лица влегле во неговиот локал барајќи помош.
„Њујорк Тајмс“ пренесува дека во вооружениот напад се ранети две деца на возраст од 10 и 14 години, како и една 19-годишна девојка.
Ранетите веднаш биле пренесени во болница и според последните информации, никој не е во животна опасност. Американската полиција е во потрага по напаѓачот.