Скопје

Пукотници во скопски хотел

Пукање од огнено оружје било пријавено по полноќ во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. Како што информира МВР, три лица отвориле оган кон луѓе кои седеле во ресторанот.

„На 01.12.2019 г. околу 00,35 ч. пријавено е пукање од огнено оружје во хотел Александар Палас во Скопје. Повредени лица нема. Според пријавеното, додека во ресторанот на хотелот седеле Е. И. (21), Е. И. (25), О. Б. (35), К.И. (41) и Љ.Ќ. (25) три лица почнале да пукаат кон нив. Тогаш Љ.Ќ., полициски службеник кој не бил на работа, испукал од службениот пиштол кон нив, по што тие заминале. Повредени лица нема. Се работи на расчистување на случајот“, велат извори на МВР.

На почеток