Свет

Германците се ослободуваат од 350.000 нови дизел автомобили, ќе завршат ли овие автомобили на балканот?

По скандалот со Фолксваген, каде беше откриено дека компанијата мамeла за емисиите на јаглерод диоксид на повеќе од 11 милиони дизел-автомобили, се повеќе и повеќе европски градови наметнуваат ограничувања или забрани за дизел возила, што во неповолна состојба ги става дилерите на половни автомобили, јавува Дојче веле.

„До неодамна, продажбата на дизелот одеше одлично, а сега не можам да се ослободам од нив заради овие забрани. Еве, Пасат дизелот, Еуро 6, нов автомобил кој инаку чини 28 илјади евра, денес не можам да го продадам за 21 илјади“, вели Акајгун Хасан, сопственик на плац за продажба на автомобили во Германија.
Според германското здружение на дилери на автомобили, тригодишен дизел автомобил, со 45.000 поминати километри, изгубил половина од својата вредност, а во рацете на германските дилери такви се останати 350.000, во вредност од вкупно пет милијарди евра, не можејќи да најдат купувачи.

Германците сè помалку купуваат дизел заради забраната, односно ограничувањата, т.н. еколошки зони, кои се воведени во околу 50 германски градови последниве години. На пример, на дизел автомобилите им е забрането влегување на две улици во центарот на Штутгарт и три улици во Хамбург, а според најавите, забраните ќе бидат уште поригорозни во иднина.

На дизелите им е забрането да влегуваат во центарот на Штутгарт и Хамбург, а според најавите, забраните во иднина ќе бидат уште построги. По стапките на германските градови тргнуваат и Милано и Лондон.

фото: saviniwheels.com

 

На почеток