Магазин

Петок 13, суеверие или навистина носи несреќа?

Денес, многу луѓе низ светот колку и да негираат, ќе ја имаат на ум суеверната фобија „петок 13-ти“. Ќе им биде непријатно и тешко да станат од кревет, да го напуштат својот дом, да се посветат на секојдневната рутина – сè само поради едно суеверие.  Стравот од петок 13ти сеуште е актуелен.

Суеверните луѓе на овој ден дури и одбиваат да излезат од дома, некои се откажуваат од патување со авион, а некои и воопшто не патуваат. Било пресметено дека на овој ден во САД бизнисмените губат помеѓу 800 и 900 милиони долари, бидејќи многумина не ни помислуваат за своите работни места.

Иако етнолозите велат дека стравот од петок 13-ти е чисто суеверие, луѓето и понатаму се плашат.

Стравот од петок 13ти е толку голем што тој добил и свое име. „Параскевидекатриафобија“ е назив за чувството на непријатност кое е поврзано со овој ден.

Доколку сте суеверни тогаш сте запознаени со симболиката која со себе ја носи петок 13-ти.

Историјата на петок 13-ти датира уште од одамна, од средниот век па дури и порано, пишува The Sun.

Некој верува дека сè започнало на Исусовата вечера кога биле присутни 13 луѓе, а денот кога за последен пат се собрале бил петок.

Празноверијата во врска со бројот 13 се распространети насекаде, па така во некои хотели не постои соба со овој број, многу висококатници немаат тринаесетти кат, некои авиокомпании немаат седиште со број 13, , а аеродромите најчесто го избегнуваат 13-тиот излез.

Поради тоа што некогаш им се случиле некои непријатни настани, луѓето се суеверни и веруваат дека петок 13-ти е баксузен.

Многу филмови исто така го искомерцијализираа стравот на луѓето и направија такви со цел да заработат од ова несреќно верување, додека тие воопшто не веруваат во точноста на оваа фобија.

Но, дали петок 13 навистина е несреќен? Едно истражување од 1993-та година, вели дека статистички има некоја вистина дека петок 13 е несреќен ден. Но сепак истражувањето беше со забавна намена и ретко кој го прифатил како вистинито.

Не сите култури веруваат во тоа дека петок 13 е несреќен ден. Грците и Шпанците веруваат дека вторник 13-ти е несреќен ден, додека Италијаните веруваат дека петок 17-ти е најнесреќен ден.

Што значи, денес можете да опуштите, петок 13 сепак не е толку несреќен колку што мислевте.

фото: ITR Partners

На почеток