Пратеничката и потпретседателка на Собранието од СДСМ, Фросина Ременски, денеска во Обвинителството за организиран криминал и корупција прави увид во доказите за случајот поврзан со Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски, каде што таа е почесен претседател. Ременски повеќе од три и поч часа ги разгледува доказите, што укажува на фактот дека Вилма Русковска има многу обемен материјал за „Рекет“.
Ременски со цел да ги избегне новинарите, во Обвинителството за организиран криминал и корупција, влезе на задниот влез.
Инаку Ременски е осомничена дека помагала во извршувањето на делата „Измама“ и „Перење пари“ за кои се осомничени пет физички лица, и тоа заменик-претседателката на Меѓународниот сојуз – Јасна Мандиќ, таткото на Бојан Јовановски – Миле Јовановски, асистентката на Јовановски – Кристина Блажевска, како и самиот Бојан Јовановски.
фото: Архива