Магла, смог, крајно непријатен мирис… Воздухот во Македонија многу загаден. Синоќа многу загаден град беше Битола. Мерните станици покажуваат дека и утринава во Битола 2 најзагадено и тоа со 136 µg/m3, па следат Миладиновци, Тетово, Струмица, Ректорат и Гази Баба.
Вчера беше најзагадено во Куманово каде беа измерени 640 µg/m3, со што вчера градот беше опасен по живот, а Владата одржа итна седница.
Густа магла има и на повеќето патишта низ земјава, поради што од АМСМ ги предупредија возачите на внимателно возење поради намалена видливост.
фото: Архива