АД печатница „Киро Дандаро“-Битола информира дека синоќа по 22 часот во еден од магацините на фабриката се случил незначителен пожар и без последици.
Во изјава за МИА, директорот на печатницата АД „Киро Дандаро“-Битола, Драги Милошевски рече дека опожарена е отпадна хартија и нема други штети врз ресурсите во фабриката.
– Опремени сме со високозаштитна против пожарна опрема и пожарот беше изгаснат. Не се случи ништо посебно, ниту се предизвикани материјални штети, потврди Милошевски.
Од Територијалната против пожарна единица-Битола, командирот Костадин Поповски, кусо изјави дека нивна екипа превентивно во 22:22 часот пристигнала во фабриката, но немало потреба од интервенција.
фото: Архива