Македонија

Рамковски си ја отвори душата јавно проговори за „Груевизмот“: Само гробот е полош од затворот’. Првите денови во Шутка мислев дека не можам да дишам

Сопственикот на некогашната  А1 телевизија, Велија Рамковски на панел дискусијата на „Цивил“ насловена како „Жртви на режимот“ зборуваше времето поминато во затворот, но и за односот на поранешната власт кон него, како сопственик на критички медиум.

„Груевски не беше задоволен како работат новинарите од телевизијата. Имавме повеќе судири со Груевски. Еднаш ми рече: „Луѓето умираат, спомениците ќе останат“. Во август 2010 година беше расцепот со него, а до крајот не уапсија цела фамилија.“

“Меѓу затворениците има изрека ‘Само гробот е полош од затворот’. Првите денови во Шутка мислев дека не можам да дишам. 28 месеци бев во Шутка. Да не можеш да излезеш да те дувне ветер. Во Шутка за мене имаше посебно шеталиште, а ме следеа двајца стражари наместо еден, но и преку видео-надзор. Секој ден ми вршеа претреси. Тие не смееја да не ме малтретираат, оти имаа страв од Груевски. Тоа беше битка за опстанок. Таму за да останеш жив и здрав, за да излезеш е страшно тешко. Но главното и најтешкото за мене беа моментите на шеталиштето. Од прозорите ме гледаше мојата ќерка Емeл. Таа ме гледаше 28 месеци, а јас нејзе не можев. Во точно даден термин нејзе ја тргаа, мене ме пуштаа. Другите затвореници си подаваа кеси преку решетки, ние не можевме да се видиме. Кога ќе дојдеше жената, таа седеше цел ден во затворот бидејќи одеше на посета кај мене, братот, Емел. Јас се радував кога ќе одев на судењата, само тогаш можев да ја гушнам ќерка ми”, сведочеше Рамковски.

Груевизмот е длабоко во институциите. Сега сум малку исплашен. И после три години Груевизмот ме плаши. Сите нè плаши“, рече Рамковски.

фото: Архива

На почеток