Македонија

Јанушев: ВМРО ДПМНЕ е првата партија во независна Македонија која што определба за НАТО и за ЕУ ги имаме ставено и како програмска определба

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски утрово кажа дека доколку партијата освои 80 пратеници на предверемените парламентарни избори ќе пристапи кон менување на Преспанскиот договор и враќање на уставното име.  Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев вели дека оване го кажал само претседателот Мицкоски, туку дека тоа е став на партијата.

„Да не очекувате дека се што ќе каже претседателот Мицкоски не е став на ВМРО-ДПМНЕ. За тоа сме дискутирале, сме завзеле став уште поодамна и нормално дека нема да бегаме од тој став бидејќи не сме ние како ВМРО-ДПМНЕ познати во јавноста како партија со дневно менување на ставовите“, вели Јанушев.

Јанушев  додава дека овој став на партијата  не значи дека ВМРО ДПМНЕ е против НАТО и ЕУ, туку напротив.

„Навистина не знам до кога ќе одиме вака со дефокус на јавноста и каква врска има едното со другото. Па ние сме првата политичка партија во Македонија, првата политичка партија во самостојна, независна и суверена Република Македонија која што оваа определба за НАТО и за ЕУ интеграциите ги имаме ставено и како програмска определба и како дел од нашиот статут. Мислам дека е веќе време за престанување со дефокус на јавноста. ВМРО-ДПМНЕ да ве потсетам дека учествуваше во сите реформски и системски закони кои помогнаа на Република Македонија и на граѓаните во Република Македонија за што побрзо да можеме да пристапиме кон НАТО, за што побрзо да ги почнеме преговорите со ЕУ. Она што го имаме во моментов е една криминално рекетарска влада. Една крајно неспособна влада, најнеспособна сигурно во историјата на државата, која што освен со замајување на јавноста, манипулации и дефокус не се занимава со ништо друго“, истакна Јанушев.

фото: ВМРО ДПМНЕ

 

На почеток