Папата служеше вечерна миса на Бадниковата вечер во базиликата св. Петар во Ватикан. За време на мисата во базиликата „Свети Петар“, тој разговараше со илјадници луѓе. Папата ги повика 1,3 милијарди римокатолици да не дозволат пропустите на црквата да ги одвратат од прифаќањето на божјата љубов.
Придружуван од хор, папата во Ватикан откри статуа со сцената на раѓањето на Исус, велејќи дека тоа е е потсетник за безусловната божја љубов.
„Можеби имате погрешни идеи, можеби сте направиле целосен хаос, но Господ сепак ве сака“, рече папата Франциско. Во исто време, тој ги повика верниците да престанат да се обидуваат да ги менуваат другите. „Да не чекаме нашите соседи да бидат добри пред ние да направиме нешто добро за нив, црквата да биде совршена за да ја сакаме, другите да нè почитуваат пред да ги почитуваме ние нив. Да почнеме од себеси“, истакна папата.
фото: Vatican News
