Македонија

Богојески: Државен интерес е избори да има тогаш кога се исполнети условите за тоа, а не кога и одговара на власта!

ФБ статус на Петар Богојески промотор на „Македонски концепт“. Тој на својот профил напиша:

Државен интерес е избори да има тогаш кога се исполнети условите за тоа, а не кога и одговара на власта!

Еднаш тоа го видовме со Груевски, кој правеше избори кога ќе посакаше. Сега се повторува истото, Заев прави избори кога на него му одговара! Емоциите се оставаат дома, држава не се води со емоции!

Прво НАТО, ако треба и Референдум за тоа, Закон за одбрана, Закон за Јавно обвинителство, ЕУ почеток на преговори, па избори!!! Тоа е државен патриотизам! Тоа е ставање на државата пред личниот и партискиот интерес!!! А не обратно!!!

Заев да го испорача ветеното со Преспански договор, влез во НАТО и преговори со ЕУ, за да бара повторен мандат, а не да се сокрива зад избори!
На овој начин им се помага на силите кои сакаат да ја попречат нашата интеграција во НАТО во последен момент!

Политичари, мислете малку што е најважно за Македонија, а не само за себе!!!

https://www.facebook.com/1949361315345812/photos/a.1950984378516839/2508029216145683/?type=3&theater

На почеток