Скопје

14 невработени лица ќе бидат ангажирани за општо корисна работа во Бутел

Општина Бутел почна со активностите за реализација на проектот од Програмата за општинско  корисна работа, кој финансиски е подржан од УНДП, а во соработка со Министерството за труд и социјална политика и Центарот за вработување.

Oваа програма прв пат се реализира во општина Бутел, а во неа се ангажираат 14 невработени лица во социјалната и образовна сфера, од кои 3 образовни асистенти и 11 лични асистенти, кои ќе се грижат за 14 деца од училишна возраст со посебни потреби, за да им пружат помош во образовниот процес истакна градоначалникот Велимир Смилевски.

Лицата ќе бидат ангажирани до крајот на учебната година, а за својот ангажман ќе добиваат соодветен надомест.
Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток