Скопје

Скопјанец превезувал огревни дрва без потребни документи

Вчера околу 15,45 часот на регионалнот пат Тетово-Скопје, пред влезот во село Ново Село, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово запреле патничко возило „Опел астра“ без регистерски таблици, управувано од С.Ф.(62) од село Бојане-скопско, во кое превезувал огревни дрва без потребните документи.

Возилото и дрвата биле одземени и предадени на Шумската полиција за понатамошна постапка, додека С.Ф. бил лишен од слобода. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток