Вечерва со почеток во 20:15 часот ќе се одржи дербито помеѓу двата најдобри кошаркарски клуба во Македонија, Работнички и МЗТ. Дербито ќе се одигра во Спортскиот центар Јане Сандански во Аеродром каде ќе го играат дуелот од 6.коло од Првата кошаркарска лига. Во пресрет на овој дуел Работнички е единствениот непоразен тим (Блокотехна загуби вчера од Гостивар), додека „металците“ во првото коло загубија од Блокотехна.
Исто така овој натпревар ќе има и хуманитарен карактер, а средствата ќе бидат донинари за лекувањето на Борче Цветановски. Во салата ќе биде поставена и кутија каде ќе се собираат донации за еден од постарите членови, Дифтар, кој пред извесно време имал повреда на работното место и потребни му се пари за медицински трошоци.