Магазин

Мотото на годинешниот Вевчански карневал – „Напрај се Василичар“

Под мотото „Напрај се Василичар,“ Вевчанци ги завршуваат подготовките за Вевчанскиот карневал. Маските се подготвени, Василичарите го чекаат 13 јануари за конечниот почеток на карневалот стар милениуми.  Вевчанци прашуваат: „Кеојш?“ Одговорот веќе го знаете: На Вевчански карневал!

Вевчанци, видно возбудени, и оваа година очекуваат рекорден број на посетители. Минатата година над 10 илјади гости присуствуваа на Вевчанскиот карневал, а домаќините велат дека секоја година бројот се зголемува. Тие сѐ уште ги чуваат во тајност маските коишто ги подготвуваа во текот на целата година, но најавуваат многу сатира, креативност и одлична забава.

Рестораните и кафеаните се подготвени за да ги пречекаат гостите. Велат дека неодоливата вевчанска кујна и вкусното вевчанско вино несомнено ќе ги расположат посетителите и покрај ниските температури.

фото: Архива

На почеток