Македонија

Полицијата сеуште го бара судијата Теофиловски, останатите лица под истрага, но нема мерка притвор

Предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за определување на мерката притвор за шестмината осомничени не е прифатен. Судијата на претходна постапка на четири осомничени лица со решение им определи мерка куќен притвор, а за еден осомничен се определени мерки на претпазливост. За двете лица за кои обвинителството предложи мерки на претпазливост, судот ќе одлучува во текот на утрешниот ден за кога лицата се повикани да се јават пред судијата на претходна постапка.

По добивање на известувањето од страна на правосудната полиција за постапување по наредбата за приведување и претрес на домот на првоосомничениот, кој е недостапен на органите на прогонот, доколку судијата на претходна постапка согласно своите надлежности му определи мерка притвор, обвинителството ќе издаде Наредба за распишување на национална и меѓународна потерница.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција најавува жалба по денешните решенија.

фото: Архива

На почеток