Македонија

Судскиот совет му го одзеде имунитетот на судијата Теофиловски

По два и пол часа расправа, Судскиот совет одлучи да му го одземе судскиот имунитет на нивниот колега Зоран Теофиловски.  Тој е првоосомничниот во истрагата за нелегална приватизација и легализација на државен имот во Тетово.

– Судскиот совет донесе решение со кое го одзеде имунитет на член на Советот заради непречено водење на кривичната постапка, и донесе решение со кое не го одобри барањето за определување на мерка притвор за член на Советот, поднесено од страна на судија на претходна постапка на Основниот кривичен суд Скопје – се вели во соопштението на Судскиот совет.
фото: Архива
На почеток