Македонија

Исплатата на поврат на ДДВ за второто тромесечје ќе биде во февруари 2020

Се заокружува второто тримесечје од МојДДВ. Граѓаните кои скенирале фискални сметки во периодот октомври – декември 2019 година ќе ги добијат своите средства од повратот на ДДВ во февруари 2020 година, информираат од Управата за јавни приходи.

„Од почетокот на второто тримесечје, кое стартуваше во октомври, заклучно со 30.12.2019 година скенирани се 28,948,878 фискални сметки, остварен е промет од 14,301,474,854 денари, вкупениот ДДВ изнесува 1,554,510,671 денари, а повратот од 15 отсто е во износ од 233,176,601 денари или 3,791,000 ЕУР“ соопшти УЈП.

Како што се наведува, исплатата за второто тримесечје ќе стартува во февруари 2020 година.

За првото тримесечје од МојДДВ, за коешто исплатата почна во декември 2019 година, исплатен е поврат кај 144,601 граѓани кои во апликацијата МојДДВ внеле валидни трансакциски сметки, во износ од 155,244,780.00 денари.

фото: Архива

На почеток