На 31.12.2019 во 18.30 часот во во с.Чајлане, скопско, полициски служебеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.В.(56), поради тоа што по претходна расправија со неговиот брат Ќ.Д.(66), и двајцата од с.Чајлане, физички го нападнал со остар предмет. По настанот и двајцата се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, при што кај Ќ.Д. биле констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: Архива