Македонија

Денеска сончево и студено време – температурата од 2 до 9 степени

Во Македонија денеска ќе преовладува сончево и постудено време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне 5 степени.

фото: Архива

На почеток