Свет

(ФОТО) Во Словенија запалена дрвена скулптура од Доналд Трамп

Во словенечкото место Моравче кое се наоѓа во близината на Љубљана беше запалена и изгоре осум метри високата дрвена скулптура на американскиот претседател Донал Трамп. Како што објави локалната противпожарна служба, нешто пред седум часот утрово добиле повик дека дрвена скулптура на словенечкиот зет, претседателот на САД, Трамп, е запалена и гори во центарот на малото гратче.

Словенечките медиуми објавија дека градоначалникот на Моравче Милан Балазиќ изразил жалење за уништувањето на скулптурата за која локалните власти верувале дека ќе донесе многу туристи во општината. Според авторот на уметничкото дело Томаж Шчлегл, се работи за обична провокација.

Обид за палење на скулптурата на Трамп имало и пред два дена, но тогаш пироманите не успеале во својата намера.

 

На почеток