Македонија

Претседателот на божикен ручек кај поглаварот на МПЦ г.г. Стефан

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска присуствуваше на божикниот ручек којшто го приреди поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан по повод божикните празници и неговиот именден – празникот на Архиѓакон и првомаченик Св.Стефан.

Претседателот Пендаровски порача дека празничната топлина треба да инспирира за споделување мир, љубов и разбирање во текот на целата година. Да се насочиме кон она што не обединува, а не она што не разликува и сите заедно да придонесуваме кон градењето заедништво, солидарност, меѓусебно почитување и напредок на општеството“, истакна Претседателот.

На божикниот ручек којшто традиционално се приредува во резиденцијата на архиепископот присуствуваа и претседателот на Собранието, Талат Џафери, претседателот на Владата, Оливер Спасовски, како и членови на Светиот синод на МПЦ-ОА.

фото: Кабинет на Претседател

На почеток