Црно и високо ниво на загаденост денес регистираат мерните станици на Министерството за животна средина.
Утринава во главниот град воздухот е значително загаден и тоа на повеќе локации. Мерните станици покажуваат дека најголема загаденост има во Општина Центар со измерени 203 µg/m3, а потоа следат Миладиновци со 187 µg/m3 и Лисиче со 187 µg/m3. Дозволените ПМ10 честички во воздухот се 50 µg/m3.
Скопје вчерва е трет на листата на најзагадени градови, веднаш по Бангладеш и Киргистан. Граѓаните изминатите денови реагираат на неподсливата миризба која се шири низ градот и воздухот кој е тежок за дишење.