Магазин

(Видео) Папагалот Хуго од Сплит знае 2 000 зборови, ги спојува во реченици со што стана вистинска атракција

Сив африкански папагал хит на интернет. Тој има над 10.000 обожаватели на социјалните мрежи. Хуго е стар четири години. Научил над 2.000 зборови. Интересно е што ги спојува во реченици, а знае и да се размоабети со гости.  Со задоволство на сите им открива каков лек пие секој од домашните, зема храна од сите, особено кириритки, кажува кој кога станува и кој колку спие во куќата.

Неговиот сопственик вели дека неговиот миленик Хуго чека сите да заспијат во куќата, а потоа започнува да го имитира звонењето на телефонот.

Тој сам себе се нарекува „пиле мое“, затоа што така го вика Мара. Хуго е незамисливо приврзан кон Андрија, па од преголема љубов му ја уништува целата облека, особено оние парчиња што имаат патенти.

Папагалот стана толку популарен што многумина изнајмуваат соби во нивната куќа само за да го запознаат.

На почеток